За Мур
Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје (МС) е основано кон крајот на 1998 година како едно од првите друштва за ревизија во Република Македонија формирано согласно донесениот Закон за ревизија од 1997 година под името Македонски Ревизорски Центар ДОО Скопје.
Во овој период друштвото доби привремено решение за обавување на дејноста ревизија врз основа на тогашните тековни законски одредби, додека во месец декември 2002 година има добиено решение за трајна дозвола за работа од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
Почнувајќи од 27 март 2009 година, Друштвото е полноправна членка на меѓународната ассоцијација на ревизорски друштва MOORE STEPHENS International Limited (
www.moorestephens.com).