Измени на Законот за ревизија
17.09.2014 11:27:51
Во Сл.Весник на РМ бр.138 од 17.09.2014 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за ревизија.
Најзначајните измени и дополнувања кои се направени и воведени со овие измени на Законот се следните:
- Измени во надлежности на СУНР и ИОРРМ;
- Промени во начинот на контролата на квалитет на ревизорите;
- Промени во дисциплинските постапки против ревизорите;
- Промени во условите за добивање на лиценца на друштвата за ревизија и трговците поединци, посебно во делот на задолжително осигурување од дејност;
- Промени и дополнувања кај глобите.
Овие измени на Законот стапуваат на сила на 25.09.2014 година.