Обука за внатрешна ревизија во акционерски друштва од стопанство
29.01.2011 12:05:13
Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопе успешно организираше обука за Процедури за организација и работење на Службата за внатрешна ревизија согласно потребите кои произлегуваат од измените на ЗТД.
Обуката се организираше во периодот од 13 до 15 декември 2010 година и истата се одржа во просториите определени за вакви намени во зградата на Аутомакедонија на втори кат.
Обуката беше извршена од страна на лицето Огњен Блажевски, директор на секторот за внатрешна ревизија во Стопанска банка АД Скопје и со сертификат CIA, меѓународна лиценца за внатрешен ревизор.
На обуката присуствуваа 40-тина слушатели од 15-тина компании во Република Македонија.