Ажурирање на Меѓународни стандарди за ревизија (МСР)
11.06.2010 00:00:00
Со објавувањето на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) во Сл.весник на РМ бр.79 од 11.06.2010 година се изврши ажурирање и усогласување на претходно објавените МСР.
Ваквото ажурирање се изврши со цел усогласување на МСР со тековно објавените МСР од страна на Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ).
Новите објавени МСР во Сл.Весник во однос на претходните имаат разлика во однос на начинот на нивно презентирање со додавање на објаснувачки материјал кој подетално ги обајвува точките од секој стандард. Ваквите измени се резултат на Проектот за појаснување на стандардите за ревизија на ОМСРУ (ISA Clarity Project).