Ажурирање на МСФИ

Со донесувањето на Правилникот за водење на сметководство и негова објава во Сл.весник на РМ бр.159 од 29.12.2009 година се изврши ажурирање и усогласување на претходно објавените Меѓународните сметковдствени стандарди (МСС) и Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) со објавените МСФИ од страна на Комитетот за меѓународни сметководствени стандарди при Одборот за меѓународни сметководствени стандарди на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC). Новите ажурирани стандарди треба се во примена почнувајќи од 01.01.2010 година.

Со ваквото ажуририње се изврши усогласување кај поголем дел од објавените стандарди.

Позначајни промени: 

  • МСС 1 – Презентирање на финансиски извештаи (Биланс на успех се заменува со Извештај за сеопфатна добивка, Биланс на состојба со Извештај за финансиска состојба)
  • Промени во форма и изглед на Извештај за сеопфатана добивка со додавање на дел за друга сеопфатна добивка (други добивки и загуби признаени во рамки на главнината) 
  • МСС 14 – Известување според сегменти се избриша и се замени со МСФИ 8 – Оперативни сегменти
  • МСС 23 – Трошоци за позајмувања (нема алтернативен третман за капитализирање на трошоци, туку истите мора да се капитализираат кога тие ги исполнуваат условите за тоа)
  • МСС 39 – финансиски инструменти (промена на терминологија и поделба на финансиските средства, како и промени во нивното последователно мерење)

 

Новости и настани
Извештај за транспарентност за 2018 година

Извештај за транспарентност за 2018 година на друштвото за ревизија Мѕр Стивенс ДОО Скопје

Измени на Законот за ревизија

Во Сл.Весник на РМ бр.138 од 17.09.2014 година се објавени измените и дополнувањата на Законот за ревизија.

Нови овластени ревизори во Друштвото

Како резултат на успешно завршениот циклус на испити за овластен ревизор, сениор ревизорите Наташа Илиевска и Марија Божиновски