Транспарентност

Согласно одредбите на член 35 од Законот за ревизија, сите друштва за ревизија и овластените ревизори-трговци поединци се должни да објават годишен извештај за транспарентност најмалку во едно јавно гласило или на својата веб страница во рок од три месеци од крајот на финансиската година.

 
Извештајот за транспарентност треба да содржи:
  • опис на правната структура и сопственост на друштвото за ревизија;
  • опис на профисоналната мрежа и правните структурни аранжмани во мрежата каде припаѓа;
  • опис на управувачката структура на друштвото;
  • опис на внатрешниот систем на контрола на квалитет на друштвото и изјава од овластениот надлежен орган на друштвото за ревизија за ефективноста на функционирање на овој систем;
  • датумот кога е извршена последната проверка за уверување на квалитетот на ревизот согласно со член 20 од Законот;
  • список на субјкети на кои е извршена ревизија во текот на претходната година;
  • изјава за независното работење на друштвото со која се потврдува дека постојат интерни процедури за проверка на усогласеноста на независноста и дека истите се спроведени;
  • изјава за политиката што ја следи друштвото во текот на претходната година;
  • финансиска информација за вкупниот приход остварен од ревизијата и други надоместоци, расчленет на четири категории: од услуги на ревизија на годишни и консолидирани сметки, дополнителни услуги на уверување во квалитет, даночни советодавни услуги и други неревизорски услуги и
  • информација за основата по која се утврдува хонорарот на овластениот ревизор
 
Извештаите за транспарентност на Друштвото Мур Стивенс ДОО Скопје по години се дадени во прилог:
 
 

Contact us